Џим Гудвин – тренер на Абердин: Миовски само со два тренинга покажа дека е одличен напаѓач!

594

Уште на своето деби, уште во 6.минута, Бојан Миовски го постигна првиот гол за Абердин, тим кој што ова лето успеа да го донесе во своите редови нашиот репрезентативен напаѓач.

По мечот и победата во Лига Купот од 3:0 против Рајт Роверс, свој коментар, и за Миовски, имаше тренерот на Абердин, Џим Гудвин.

Добро е што Бојан постигна гол, тоа е работа на напаѓачите. Тој иако одработи само два тренинга покажа дека одличен напаѓач. На полувремето забележавме дека е изморен, но му дадовме шанса да одигра барем уште 15 минути, така и беше. Јас очекувам во иднина да биде уште подобар и подобар“ посочи Гудвин.

ПретходноТриумф за Данецот: Вингегард е “КРАЛОТ“ на Тур де Франс! (ВИДЕО)
СледноДаци е стрелец на првиот гол за Вестерло сезонава во елитната лига на Белгија!