Македонскиот шампион, тимот на Шкупи, утревечер на Арената Тодор Проески во Скопје, со почеток од 21:00 часот го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Шампионите, против тимот на Динамо Загреб. Првиот дуел како што сите знаеме заврши 2:2, и може слободно да се каже дека ова е историска шанса за Чаирчани да обезбедат голем, огромен триумф над сериозен ривал. Сепак, пласманот во следната фаза е далеку. Пред Шкупи се вторите деведесет минути во кои ама апсолутно се може да се случи.
„Веднаш да кажам дека по оној меч во Загреб, за нас е тоа поволен резултат. Утре не чека многу тежок меч, и тие 2:2 во Загреб не сметат да не залажат. Тоа им го кажав на играчите. Се знае кој е Динамо и што се правел низ Европа, и кого се елиминирал. Она што го работиме на тренинзите деновиве ми дава надеж дека ќе бидеме на највисоко можно ниво, па нека победи подобриот. “ – рече Гоце Седлоски
Данфа нема да може да помогне
„Од она што можам да го потврдам околу составот е дека по вчерашниот тренинг, Данфа се пожали на повреда и нема да може да ни помогне. Тоа е хендикеп, но секако кого нема без него и се може и ќе најдеме замена во нашиот состав“ – рече Седлоски.
„Никогаш не сме се бранеле нема да биде ни сега така. Ќе нападнеме, публиката нека биде со нас, и ќе дадеме се од себе. Сите велат сега дека нас не потценил. Нема екипа која што во ваков меч, квалификации од Лига Шампиони би легол со потценување. Мора и ние да се поправиме во оние сегменти кои секако ги погрешивме, при примањето на головите. Ние максимално се подготвуваме и веруваме во себе. Повторувам, противникот има многу голем фонд на играчи, еве видовме и на вчерашниот дуел против Славен Белупо, кој секако го следевме. Динамо тактизираше, одмораше неколку играчи, и тоа е нормално. Наше е да дадеме максимум, Динамо е тој кој има притисок врз себе, и верувам во нашите сили“ – поентира искусниот статег.