ОФИЦИЈАЛНО: Магдевски се врати во МЗТ Скопје

266

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски (26 год, 192 см) повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша нов договор со важност за следните две години. Информација која СПОРТМЕДИА ја најави пред еден месец.

Ова значи негово враќање во Аеродром по едногодишниот настап во Романија. Магдевски претходно три сезони повеќе од успешно ја организираше играта на сино-белата чета, со која дојде до две шампионски титули (2019 и 2021), а беше избран и за МВП на финалната серија во сезоната 2020/21. Претходно, тој мина низ младинските категории на Реал Мадрид, беше дел од кампот на Мајкл Џордан, а настапуваше и за Партизан.

Магдевски е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

ПретходноСедлоски: Имаме поволен резултат, да го потврдиме и утре пред нашата публика
СледноШеји: Мотивирани сме до максимум, ова е историска шанса за Шкупи