Поранешниот играч на ФК Беласица, Гуцев Благој ја доби довербата на управата и во претстојната сезона ќе се приклучи во стручниот штаб како помошен тренер на Шефки Арифовски.
За Гуцев ова е ново, прво искуство како тренер, а досега како играч, покрај ФК Беласица, ги бранеше боите и на ФК Велазерими, ФК Силекс, ФК Пехчево, ФК Брегалница, а има настапувано и во косовска ФК Трепча.