Драгана Ристова нов тренер на ЖРК Куманово

180

Женската екипа на РК Куманово денеска и официјално има нов тренер. Станува збор за поранешната ракометарка, Драгана Ристова која доаѓа од редовите на ЖРК Вардар.

Таа ќе има нов предизвик во новата сезона, Куманово е претставник во ЕХФ Купот, каде ќе игра против Макаби Рамат Ган. Натпреварите ќе се одиграат на 8/9 октомври, а реваншот е на 15/16 октомври 2022 година.

Во стручниот штаб поранешната македонска репрезентативка ќе соработува со Сашо Божиновски и Славиша Димитријески.

ПретходноРафиња после „Ел Класико“ ја направи најголемата грешка!
СледноСимиќ го посочи Стефанов како непрофесионалец, заборави дека син му „рогаше“ топки, а Антиќ го пеглаше во соблекувална!