Јаховиќ има нов клуб во Турција, ќе игра за второлигашот Бодрумспор (ВИДЕО)

199

По Коњаспор, Јени Малатија и Анталијаспор, Адис Јаховиќ има нов клуб во шампионатот на Турција. Се работи за второлигашот Бодрумспор кој според медиумите во Турција, инсистирал за ангажман на нашиот интернационалец. Јаховиќ во оваа земја ужива голем респект, затоа што остави одличен впечеток каде и да настапуаше. Постигнуваше голови во серија, и затоа без проблем кога ќе заврши една соработка, наоѓа друга.

Јаховиќ долго време е во турскиот шампионат, а летово, и покрај најавите дека ќе остане во суперлигашката конкуренција сепак тој се одлучи за Бодруспор. Клубовите во оваа конкуренција се исклучително моќни финансиски, навивачи во Турција никаде не недостасуваат, па секако дека за очекување е Јаховиќ да ја продолжи својата серија на добри настапи и во новиот клуб.

 

 

ПретходноПелистер со прво засилување, ТФТ ќе има „џин“ во рекетот!
СледноМихајловиќ на половина час ја напуштил болницата за да ги види фудбалерите!