Тимот на Вардар денеска заминува на базични подготовки во Охрид. „Црвено – црниот“ табор го одработи првиот дел од подготовките, а започнува од денеска со втората фаза.
Утре се игра првиот пријателски дуел токму со тимот на Охрид, откако во Скопје се одиграа мечевите против Локомотива, односно Скопје.
Со тимот на Пелистер е закажана пријателска на 31 јули, додека со албанскиот тим на Егнатиа ќе се спарингува на 4. август.