Македонскиот репрезетативец Дарко Чурлинов ќе плати помала од првично утврдената казна за користењето на пиротехнички средства на прославата на тимот на Шалке 04. При промоцијата во најдоброто Бундеслигашко друштво, Чурлинов и неговите тогашни соиграчи прославуваа заедно со навивачите, а нашиот интернационалец во еден момент зема факел во раката.
Нормално дека тоа не е дозволено, особено не во Германија, па токму затоа и му е одредена казна. Првично требаше да плати 25.000 евра но истата е намалена на 17.500.