На околу час и половина пред почетокот на мечот меѓу Шкендија и Валмиера, реванш од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, познати се и стартните состави.
Стратегот на нашиот евро – претставник, Артим Шаќири се одлучи да им даде шанса на следните единаесетмина…
ЗАХОВ, МУРАТИ, БЕЈТУЛАИ, ЦАКЕ, НЕЗИРИ, РАМАДАНИ, ДИТА, ШАЉА, ХАСАНИ, ДОРИЕВ, ГУРИ.
Формацијата е 4-2-3-1, на клупата покрај другите се Елези, Нафиу, Вондра, Маневски, Стојановски, Вагнер и др.
Се очекува нова добра европска партија на Шкендија, секако победа или во најлош слулчај реми, па така тетовци и дефинитивно да стават “печат“ на пласманот во 3.квалификациско коло во ЛК каде ги очекува АИК од Шведска.
Да потсетиме реванш дуелот меѓу Шкендија и летонската Валмиера се игра вечерва на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20 часот.