Лош настап на тимот на Македонија ЃП во дуелот со ЦСКА СОфија вечерва во главниот град на Бугарија. Нашиот претставник прокоцка се што одработи во три полувремиња, две во Скопје и едно во Софија денеска, и за само половина час направи еден грст грешки кои доведоа до тоа да се случи дебакл.
Поразот од 4:0 е производ на очајните половина час на „Лавовите“ во Софија, од противник кој и не е така квалитетен за да слави со волкава разлика. Подобар да, но не и капацитет да нанесува тешки порази.