Секако дека кога ќе се победува тогаш имаш право да бидеш задоволен. Да, Шкендија ја победи Валмиера и вечерва, со 3:1, оди натаму, но Артим Шаќири, стратегот на тетовци смета дека неговиот тим можел уште подобро.
„Сепак најважно е што ја остваривме целта, а таа беше пласман во следната рунда. Јас им честитам на играчите, ова е нивна победа, нема што повеќе да се коментира. Можевме и подобро, тука нема дилеми. За АИК што да се каже? Пред 23 години сум играл против тој тим. Имам респект, но тоа ќе биде така се додеке не се истрча на теренот. Познато ми е каков фудбале преферира, имаме време добро да се подготвиме“ заврши Шаќири.