Пливачката која за малку ќе се удавеше ја отвори душата

346

Анита Алварез на Светското првенство во Будимпешта за малку ќе се удавеше, нејзиниот живот го спаси тренерката Андреа Фуентес. Неколку недели по овој страшен момент, кој го потресе целиот свет, американската пливачка ја отвори душата за медиумите, објасни што се случило.

„Мојата тренерка е вистински јунак. Ова ѝ го кажувам секој ден, на неа и на сите други. Вистинска привилегија е што ја имам Андреа Фуентес покрај мене. Кога дознав дека ќе ме тренира, не можев да верувам. Што се однесува до хоророт кој ми се случи, изгубив свест до тој степен, мислев, ова е најдобриот настап во мојата кариера. Уживав во секој момент и тогаш почнав да се губам себеси. По едно движење на раката, почувствував дека не сум најдобро. Тоа е последното нешто што го паметам“, изјави Алварез, која ќе продолжи да се натпреварува во сите предвидени дисциплини.

 

ПретходноБаерн ја остави Борусија Дортмунд без важно лице во тимот!
СледноГРК Тиквеш задржа уште двајца ракометари!