Попладнево во Скопје во пријателски натпревар, комбинираниот состав на Работнички успеа да ја победи Беса со 3:2. Стрелци а головите за прволигашот од Градски парк беа Донарт Ибраими, Матеј Ѓурчиновски и Фета Фетаи, додека головите за гостите беа Фитон Адеми и Артан Велиу.
Ова беше уште една убава можност за стратегот на Работнички, Љупчо Марковски – Калц, да види со што располага во однос на играчкиот кадар во моментов.