Две македонски млади репрезентации денеска ја стартуваат својата авантура. Во центарот на вниманието се јуниорите кои ќе бидат дел од Европското првенство У18 кое се одржува во Измир.
„Црвено-жолтите“ ќе играат во групата А заедно со Израел, Франција и Велика Британија. Прв противник на Македонија е селекцијата на Израел, овој меч е закажан со почеток во 15 часот.
Во истиот термин од 15 часот, женската јуниорска репрезентација ја почнува својата авантура на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Софија. Нашите кошаркарки ќе ги одмерат силите со Португалија, додека за противници во својата група А ќе ги имаат селекциите на Хрватска, Луксембург и Велика Британија.