Навистина неверојатно. Но така е, барем според ЕСПН. По сетоа она “лудило“ што вчера се случи на “Вембли“ во финалето на ЕП за жени, направена е детална анализа за тоа кои натпревари воопшто за оваа година се најгледани, но со фанови на стадион а не на ТВ.
Па така се дојде до заклучок дека од трите најгледани се сите три од женскиот фудбал, а не од машкиот. На прво место е мечот меѓу Барселона и Волфсбург кога на “Камп Ноу“ имало 91.648 гледачи, потоа на второ место е средбата Барселона – Реал Мадрид кога имало 91.553 фанови и на трето место, онаа вчерашната кога на “Вембли“ на средбата Англија – Германија имало 87.192 гледачи.