Заниоло е казнет поради навреди кон Лацио

125

Фудбалерот на Рома, Давиде Заниоло парично е казнет како и неговиот клуб, затоа што при прославата минатата сезона за освојувањето на Конференциската лига, јавно со мегафон го навредувал лутиот ривал Лацио. Камерите тоа го забележале и тој заедно со Рома ќе мора да платат казна од по 4000 евра.

Парите заминуваат во хуманитарни цели.

Инаку Рома со 1:0 во финалето беше подобра од холандски Феенорд, а стрелец на единствениот гол на мечот беше токму Заниоло.

 

 

ПретходноМилан го објави својот нов капитен (ВИДЕО)
СледноЧурлинов останува во Штутгарт, Барнли понудил премалку за Македонецот!