Чурлинов останува во Штутгарт, Барнли понудил премалку за Македонецот!

342

Како што стојат засега работите, се чини дека Дарко Чурлинов ќе остане во Штутгарт. Имено и официјално интересот за Македонецот постои од Барнли, член на Чемпионшип, но овој клуб доставил премала понуда за офанзивецот на “швабите“ па така, ако во меѓувреме клубот од Островот не ја зголеми понудата, Дарко Чурлинов останува во Бундеслигата.

Се шпекулира дека Штутгарт за нашиот репрезентативец бара 5 милиони евра и нема намера под таа сума да го продаде еден од играчите кои би требало да бидат клучни во сезоната 2022/23 во Бундеслигата. Инаку неофицијално и самиот Чурлинов не бил баш воодушевен од тоа да се пресели во Англија, посебно не кога по враќањето од Шалке, тој фантастично се снајде во Штутгарт а му тргна добро на подготовките и во Купот на Германија.

ПретходноЗаниоло е казнет поради навреди кон Лацио
СледноЏани се збогува со Ал-Ахли! (ВИДЕО)