ПСЖ и Рома се договорија за позајмица на Вајналдум

179

Искусниот холандски играч за врска, Џорџињо Вајналдум се сели во Рома.

Неговиот актуелен клуб, ПСЖ се согласи да го позајми 31-годишниот холандски репрезентативец во редовите на „волчицата“ во период од една година.

Клубовите треба само да ги потпишат документите, по што ќе се официјализира и трансферот.

Според изворот, по заминувањето на Вајналдум, ПСЖ има намера да се фокусира на трансферот на играчот од средниот ред на Лил, Ренато Санчес.

ПретходноТен Хаг разочаран од Роналдо, кој си замина 10 минути пред крајот на мечот со Рајо
СледноИванишевиќ: Бајден нема да дозволи Ѓоковиќ да игра на УС Опен