Боби Божиновски не е веќе дел од “лавовите“!

1876

Боби Божиновски не е веќе фудбалер на Македонија ЃП. Како што дознаваме, искусниот играч за врска и “лавовите“ се договориле да ја прекинат соработката, соработка која траеше и повеќе од успешно цели пет години, и тоа од јули 2017 година кога највозрасниот фудбалер во нашата ПМФЛ дојде од Пелистер во Ѓорче.

Божиновски во Македонија ЃП остави траен белег што се вели, незаменлив капитен, играше двапати во финалето во Купот на Македонија, пред два месеци и го освои пехарот во националниот куп и се радуваше заедно со “лавовите“.

Како што велат нашите информации, секако дека за тоа треба и самиот Божиновски да потврди, тој нема намера ова лето да се пензионира, иако има 41 години неговата желба била барем до крајот на оваа година да игра квалитетен фудбал, како што и досега го правеше тоа.

Преодниот рок трае до 6 септември, па ќе видиме дали ќе ги оствари своите намери.

Инаку Божиновски покрај Македонија ЃП и Пелистер, играше и за Тетекс, Вардар, Работнички, Цементарница, а имаше интернационална кариера и во Казахстан и Литванија.

ПретходноПрв Македонец на младинското ЕП во снукер – Има 12 години, а забележа четири победи
СледноЛШ: Радески со Пјуник ја напаѓа Црвена Звезда