Можеби не беше добро пречекан и испратен од фановите на Баерн Минхен, но Роберт Левандовски сепак покажа дека е голем човек. Тој изминатиот викенд престојуваше во Минхен, каде се прости од сите своои некогашни соиграчи, луѓето од раководството на клубот, па и од сите врботени. И за сите нив имаше подарок по едно шише шампањ од брендот „Арманд де Брињак“, кое чини по 300 евра. Без разлика дали стануваше збор за претседателот на клубот, за играчите од Милер па натака, тренерите, или луѓето кои се задолжени за хигиената, значи буквално сите добија по едно шише шампањ.
Покрај тоа им подари и по еден автограм на кој имаше фотографии направени од минатите осум години колку што Лева беше во Баерн.