Официјално, Барса и Лос Анџелес Галакси постигнаа договор за трансфер на Рики Пуиг. И двата клуба веќе официјално потврдија дека Пуиг ќе биде дел од МЛС-тимот во следните три сезони.
Тоа ќе го направи Пуиг нова ѕвезда во американската фудбалска лига. Барса го задржува правото да го откупи играчот на крајот од секоја сезона и ќе задржи дури 50% од идната продажба.
Со оглед на тоа што МЛС лигата на секоја франшиза и дозволува само тројца фудбалери со посебна плата, Рики Пуиг ќе биде еден од нив, заедно со Мексиканецот Чичарито Ернандез и поранешниот бразилски играч од Баерн и Јувентус, Даглас Коста.
Acuerdo con los LA Galaxy para el traspaso de @RiquiPuig
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) August 4, 2022