Лапорта со шокантна изјава: Барса нема никакви финансиски проблеми, за два месеци заработивме 868 милиони евра!

3111

Со денови, па и со месеци се говори за финансиските проблеми на Барселона. Според одредени ревизорски куќи, долгот е нешто повеќе од една милијарда евра.

Сепак Барса на чело со претседателот Хоан Лапорта ова лето се изнакупува нови играчи, а денеска на промоцијата на Роберт Левандовски, самиот Лапорта кажа…

Ние немаме никакви финансиски проблеми. Се е во ред со нашите финансии, па само за последните два месеци во нашата клупска каса се внесени цели 868 милиони евра, а и допрва ќе влегуваат милиони. Работиме на тоа да ги регистрираме сите наши играчи, што ќе се побара од нас тоа и ќе го сториме. Едноставно сега имаме здрав финансиски биланс“ рече првиот човек на Лапорта.

Да споменеме дека Барса ова лето досега на новите засилувања потроши нешто повеќе од 160 милиони евра.

ПретходноЈирген Клоп: Мундијалот во Катар ќе се одржи во погрешно време од погрешни причини!
СледноФенербахче ја дозна казната за скандирањeто „Путин, Путин…“