Фенербахче ја дозна казната за скандирањeто „Путин, Путин…“

304

УЕФА го казни Фенербахче со 50.000 евра поради тоа што навивачите го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин за време на мечот со Динамо Киев во квалификациите за Лигата на шампионите. Тоа беше провокација за украинските фудбалери која беше забележана од камерите и на тоа УЕФА реагираше.
Освен паричната казна, клубот на Езџан Алиоски ќе мора да го намали капацитетот за 5000 места на следниот дуел од европските купови на домашен терен.
Фенербахче не го помина Динамо Киев, па се пресели во Лига Европа каде што на првиот меч го совлада Словачко.

ПретходноЛапорта со шокантна изјава: Барса нема никакви финансиски проблеми, за два месеци заработивме 868 милиони евра!
СледноБарди не сакаше, но затоа Бентеке прифати да игра за Ди Си Јунајтед