Кога ќе потцениш, но и ќе заборавиш дека Македонија ја победи Данска (ФОТО)

29

Швајцарија во Скопје дојде со голема самодоверба. Од таборот на оваа репрезентација прочитавме изјави од типот дека Македонија не е посебен тим и дека може да се победи. Но, се чини Енди Шмид заедно со соиграчите заборавија на еден важен момент дека во овие квалификации во Скопје падна Данска, и дека македонскиот инает е голем, а квалитетот е неспорен.

На крајот Швајцарија остана со празни раце, ракометарите на оваа репрезентација останаа на теренот попраени, во неверување и со една лекција плус, никогаш не потценувај никого, поготово „четата“ на Лазаров.

ПретходноРФМ за овие квалификации ги награди ракометарите со премија од 50.000 евра
СледноЗверев до Пике: Не може туку така да смениш 130 години тениска историја