Џорџинио Вајналдум го комплетираше трансферот од Пари Сен Жермен во Рома. Трансферот изнесува околу 10 милиони евра, а како дел од договорот ПСЖ ќе продолжи да плаќа 50% од неговата плата која изнесува 10 милиони евра на годишно ниво.
Холанѓанецот ќе игра за Рома како позајмен со можност да потпише постојан договор.
„Прекрасно е чувството да си фудбалер на Рома. Со сите што разговарав откако дојдов ми дадоа поддршка и ми посакаа да успеам. Гледам дека тоа го зборуваат од срце. Клубот покажа колку ме посакува во своите редови. Тие вложија многу напор за да го реализираат трансферот. Бев прекрасно пречекан од фановите, како надвор така и на социјалните мрежи. Ветувам дека ќе дадам 100% за да му помогнам на тимот да ги оствари целите во новата сезона“, изјави Вајналдум.
👀😙🎶#ASRoma | @GWijnaldum pic.twitter.com/V3z2BsMVtc
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 5, 2022