Договор меѓу ПСЖ и новиот тренер Кристоф Галтие се уште не е верификуван од страна на фудбалската федерација на Франција, проблем е тренерската лиценца на стратегот која не е обновена.
Според правилата на тренерската асоцијација, секој тренер мора барем еднаш во три години да полага за добивање на сертификат. 55-годишниот стрчњак ја нема обновено својата Про лиценца во УЕФА, следна шанса за тоа ќе има во септември.
Останува да видиме дали Галтие ќе се најде на клупата на ПСЖ за дуелот со Клермон, поточно дали тој ќе може да го води тимот во првото коло од новата сезона.