Иако преодниот рок во мак – фудбалот трае до 6 септември и веројатно ќе има уште поместувања на трансфер – пазарот, сепак уште отсега може да се каже кои се трансфер “бомбите“ во овој летен преоден рок.
Како прва тоа секако е Бесарт Ибраими во Струга ТЛ. Стружани добија екстра засилување во нападот, фудбалер кој веројатно ќе биде стрелец на 15-20 голови во новата сезона.
Потоа тука е трансферот на Влатко Стојановски во Шкендија. Репрезентативец на Македонија, кој пред три години направи трансфер од Ренова во француски Ним, за да последната сезона играше во Горица. Секако враќањето на Крсте Велкоски во Градски парк. Легендата на Работнички се врати таму каде што и ја почна својата кариера, супер засилување за тимот на тренерот Љупчо Марковски.
Шкупи го врати одличниот Бесир Демири, со него шампионот ќе биде уште подобар.
ШКУПИ:
Барем засега шампионот ги донесе Бесир Демири, Алберат Ламане Диене, Антонио Каланоски, Пепи Горгиев, Алекс Златков, Марио Ричков, Ангелче Тимовски, Кристијан Ацкоски, Џелил Абдула, Мелос Бајрами, Реналцо Цефас, Фикрет Ливарека, Али Адем.
ШКЕНДИЈА:
Тетовци не купуваа многу, но тоа што го донесоа е квалитет. Тука се Влатко Стојановски, Давор Талески, Башким Велија, Јан Вондра, Вагнер Гонзалвес.
А.ПАНДЕВ:
Струмичани објективно се послаби од лани, според имиња, но и натаму имаат добар тим. Нови играчи се Марко Ѓорѓиевски, Душан Јоковиќ, Давид Бошески.
СТРУГА ТЛ:
Во преден план е Бесарт Ибраими кај стружани, потоа Фатјон Јусуфи, Зија Мерџани, Енис Гавазај, Ведран Ќосевски, Хоган Укпа.
МАКЕДОНИЈА ЃП:
“Лавовите“ засега се засилија со Емир Скендери, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Вања Вучичевиќ, Адама Самаке, Христијан Пецов, Бојан Илиевски, Александар Ѓорѓиевски, Фисник Зука и Мена Перез.
БРЕГАЛНИЦА:
Штипските “сини“ добро пазареа, а досега се засилија со Горан Силјановски, Фајсел Касми, Адис Хаџановиќ, Патрик Џалто, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Иван Николов, Борха Кордоба, Александар Ристевски, Димитриј Димитриевски.
РАБОТНИЧКИ:
Работнички го врати својот некогашен капитен Крсте Велкоски, а ги донесе и Игор Алексовски, Иво Јанакиевски, Филип Бошковски, Фати Исмаили, Бојан Иванов.
ТИКВЕШ:
Кавадарчани најавуваа екстра имиња, но засега ништо од тоа. Тренерот Костов не доби така силен тим како што му се ветуваше. Засега нови имиња се Александар Ѓурковски, Урош Мирковиќ, Даниел Карчески, Кире Митков.
СКОПЈЕ:
Пред новиот стратег Славчо Георгиевски е тешка задача, како да се избори опстанокот. Нови имиња се Баже Тодоровски, Алпај Јусуф, Петар Митрев, Михаило Митров, Давид Калпачки.
СИЛЕКС:
Кратовци осетно го освежија својот тим, е сега дали тие имиња се квалитет секако дека ќе се види допрва. Досега за Силекс потпишаа Андреј Ричков, Кристијан Ефтимов, Георгије Јанкулов, Дарко Анѓелески, Дамјан Масевски, Гордијан Христовски, Марко Маринковиќ, Владимир Петровиќ, Виктор Серафимовски, Филип Обрадовиќ, Марјан Ристовски, Фарук Бихорац.
ПОБЕДА:
Бобан Бабунски седна на клупата на Победа, а од играчите кои дојдоа ова лето во Прилеп се Методија Делов, Христијан Коцев, Игор Паноски, Агон Хани, Огњен Ѓурковиќ, Хамза Рамани.