Пол позиција и рекорд за Зарко на „Силверстоун“

110

Возачот на Прамак Дукати, Јоан Зарко ќе стартува од пол позицијата на патеката „Силверстоун“ во рамките на Мото ГП шампионатот. Французинот беше најбрз во квалификациите пред Маверик Вињалес од Априлија и Џек Милер од Дукати кој беше трет.
Освен тоа Зарко постави нов рекорд на „Силвестоун“ за најбрз извозен круг со време од 1:57.767, со што е урнат претходниот рекорд на Марк Маркез во 2019 година од 1:58.168.
Во топ 5 завршија уште Фабио Квартараро и Франческо Бањаја. Алеш Еспаргаро имаше проблеми па заврши на шестата позиција.

Трката е во недела со почеток од 14 часот.

ПретходноГалатасарај го договори Тореира, а го чека одговорот на Мертенс
СледноГол на Македонецот: Бојан Миовски стрела за Абердин од пенал! (ВИДЕО)