Зверев откри дека боледува од дијабетес тип 1 и најави создавање фондација

571

Светскиот тениски рекет бр.2, Германецот Александар Зверев, објави соопштение во кое стави до знаење дека боледува од дијабетес тип 1. Германецот јавно го објави и создавањето на фондација која ќе се посвети на обезбедување инсулин и лекови за децата погодени од оваа болест. Тој вели дека сака да финансира проекти за промоција на здрав и активен животен стил.

„Сакам да покажам дека може да се стигне многу далеку и дека нема граници.  Сакам да бидам модел за луѓето кои се веќе болни и за децата кои сè уште можат да ја избегнат болеста со правилна превенција“, изјави тенисерот.

Зверев објасни дека дијабетес има од својата четврта година.

ПретходноГалатасарај договори две екстра-засилувања, следува промоција
СледноПСЖ рутински до победа: Меси со два гола на премиерата (ВИДЕО)