Попладнево се одиграа два меча од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ. Во Струмица, Брегалница успеа да слави со 1:2 и тоа на гости кај А. Пандев. Нема што, „сините“ беа подобар тим, доминираа, и со пресврт дојдоа до трите бода. Струмичани поведоа со голот на Јоковиќ, но во вториот дел за само неколку минути, прво со онаа мајсторија на Додев за 1:1, за да потоа и Ристевски стрелаше за победа во својот деби настап за Брегалница.
Ова е одличен старт на Брегалница која веднаш уште на стартот на новата сезона покажува дека во 31-шампионат ќе игра видна улога.
Во Кратово домашниот Силекс со 2:0 убедливо го победи Работнички. Подобри беа кратовци, тука нема сомневање, момците на Горазд Михаилов беа подобри, имаа повеќе шанси а првиот гол беше дело на Љамалари во 68.минута, за да во 90.минута од пенал Стојчевски ги постави конечни 2:0.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 1.КОЛО
А.ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 1:2
(Јоковиќ 16./Додев 58., Ристевски 62.)
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2:0
(Љамалари 68., Стојчевски (п) 90.)
ВЧЕРА:
СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА 3:0
(Ибраими 45+3, 63., Јусуфи 90.)
МАКЕДОНИЈА ЃП (СЛОБОДНА)
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (17.08.2022)
ТИКВЕШ – ШКУПИ (07.09.2022)