Димитријевиќ го пропушта стартот, во стројот на Јончевски ќе се приклучи на 17 август!

330

Македонската кошаркарска репрезентација утре стартува со подготовките за претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година. Овој циклус го почнуваме, традиционално, со нов селекторт.

На местото на Драган Бајиќ, кој се покажа како кастрофално решение по многу основи, КФСМ го постави Александар Јончевски, долгогодишен помошник во националниот тим. Тој за првпат ќе ја сноси одговорноста сам како предводник на “црвено-жолтите“.

Јончевски утре прозива, а потоа заедно со кошаркарите заминува за Маврово. Стартот на подготовките ќе го пропушти Ненад Димитријевиќ. Македонскиот репрезентативец поради приватни причини (мора да се врати во Шпанија) не може да му биде на располагање на Јончевски во Маврово. Според најавите ќе се приклучи на 17 овој месец.

Засега од првичниот поширок список на предводникот во овој циклус нема да биде Адем Мекиќ.

Македонија претквалификациите ги стартува против Данска на гости на 25 овој месец, три дена подоцна на домашен терен ја пречекува Словачка.

ПретходноСити има “ЅВЕР“: Супер – Халанд на дебито во Премиерлигата!
СледноФото на денот: Силна е оваа Брегалница, штипјани „царуваат“ на истокот!