Барселона е освојувач на „Трофеј Жоан Гампер“ за 2022 година откако го совлада мексиканскиот УНАМ Пумас со 6:0. Натпреварот се одигра пред 83.000 гледачи на „Ноу Камп“, а пред почетокот Барса ги претстави сите играчи кои ќе ги бранат боите на клубот во новата сезона.
Роберт Левандовски беше во центарот на вниманието, а не само што го отвори резултатот туку впиша и две асистенции во првите 19 минути, асистираше за вториот и четвртиот гол кои ги постигна Педри. Во листата на стрелци во првото полувреме се запиша и Дембеле.
На почетокот на вториот дел тренерот Чави направи седум измени, Обамејанг погоди за 5:0, а Френки де Јонг ги постави конечните 6:0.
Барселона во сабота ја почнува новата сезона во Ла Лига, а првиот противник е Рајо Ваљекано.
😍 @lewy_official‘s first goal for Barça at Spotify Camp Nou! 💙❤️ pic.twitter.com/UoqaqK8HM4
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 7, 2022
The definition of class 👏 pic.twitter.com/tK7VsQacvf
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 7, 2022
🎩 Lewandowski + Pedri 🎯
A perfect flick and finish 🤩 pic.twitter.com/VCbVTbmxOr
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 7, 2022