Американски капитал ќе влезе во А.Пандев,Маурицио Ганц ќе биде тренер, а Горан Пандев сеуште размислува дали да остане во клубот. Ова е “бомбата“ од Струмица, која би требало да се реализира деновиве со оглед на тоа дека новите инвеститори или сопственици на А.Пандев, на еден од нашите најголеми клубови, веќе закажале промоција кон крајот на овој месец, на која ќе има и официјално претставување на новите сопственици на прволигашот од Струмица.
Познато е дека Горан Пандев,газдата на „пандевци“, сака малку да се “ослободи“ од обврските,кои навистина не се мали. Па така во Струмица пред неколку денови пристигнаа сопствениците на клубот Брера, кои биле силно заинтересирани за вложување во А. Пандев. Преговорите завршиле успешно, процедурата е започната, сега се бараат модалитетите како целата работа да се оствари.
Интересно е тоа што во клубот влегува капитал од САД, поточно американски капитал преку луѓето од Брера. И нормално дека тие си бараат свој човек за тренер.Изборот паднал на Маурицио Ганц, некогаш славното име кое играше во Серија А со Роналдо во нападот на Интер, но и во други клубови како Милан.
Ганц како тренер досега има работено во нисколигаши,но сепак неговото е звучно и тоа како.
Како последно, а можеби требаше како прво,што со Горан Пандев и неговото место во А.Пандев?
Дознаваме дека и покрај неговата желба да се тргне на страна,новите газди на А. Пандев инсистираат тој да остане.Пандев е преголемо име во фудбалот, во Италија и пред се во Македонија,па затоа тие го посакуваат во него.
И сосема за крај, ако овие најави се остварат, а ќе се оставарат секако, тогаш името на клубот од Струмица нема да биде А.Пандев.















