Вернер се враќа во РБ Лајпциг, Челзи во загуба од 30 милиони фунти

201

Челзи се согласил да го продаде Тимо Вернер назад во РБ Лајпциг во договор вреден 25,3 милиони фунти, пишува весникот „САН“.

„Сините“ го купија Германецот од Бундеслигата пред две години со голема помпа за 53 милиони фунти, но откако видоа дека тој не е ни бледа сенка од она што го очекуваа, решија да го продадат со загуба од речиси 30 милиони фунти.

Според „Скај Спортс“ , сумата на комплетниот трансфер во РБ Лајпциг ќе биде околу 25,3 милиони фунти, плус бонуси.

Минатата сезона тој постигна само четири гола во Премиерлигата.

ПретходноПо напорниот пат, кадетите вечерва против Турција стартуваат на ЕХФ шампионатот
СледноКошаркарите тргнаа за Маврово, почнуваат нова мисија за излез во Европа (ФОТО)