Македонската кадетска репрезентација денеска го игра последниот меч на Светското првенство кое се одржува во Скопје. За противник селекторот, Љубомир Савевски и неговите избранички ја имаат селекцијата на Хрватска, ова ќе биде пресметка за 11 место во крајниот поредок.
Македонија е во серија од два порази, па сите во нашиот табор посакуваат победнички крај на овој Мундијал.
Дуелот стартува во 16 часот во СЦ „Борис Трајковски“, истиот директно ќе биде пренесуван на МРТВ










