Милош Теодосиќ, капитенот на српската кошаркарска репрезентација не се најде на списокот на Светислав Пешиќ за Европското првенсво кое стартува во септември. Иако овој кошаркар 15 години е лидер на Србија, предводникот нема да смета на него.
Ваквата одлука предизвика реакции не само во Србија, туку и во цела Европа. Меѓу нив се најде и сопругата на Теодосиќ, која излезе со кратка порака.
„Многумина не сакаа да играат за репрезентацијата, но еден секогаш сакаше“.