Ален Јашароски по пауза од речиси девет месеци одново ќе може да игра на официјални натпревари и тоа во дресот на Воска Спорт. Имено познато е дека искусниот напаѓач во зимскиот преоден рок направи трансфер од Скопје во второлигашот од Охрид, но со оглед на тоа дека “пиратите“ не дадоа амин за овој трансфер, неговиот нов клуб не можеше да го регистрира, па така Јашароски цела пролетна полусезона беше член на Воска, но немаше право на настап. Сега се е во ред, тој конечно е регистриран, па така може да се каже дека охриѓани го добија најголемото летно засилување.
Инаку Јашароски досега играл во неколку наши клубови а има и интернационална кариера.