Леванте и Трабзонспор постигнале договор за трансфер на македонскиот репрезентативец, Енис Барди, објави вечерва шпанска „Марка“. Барди не сака да остане во Леванте во Втората лига а Шпанија, па затоа одлучил да ја прифати понудата од турскиот клуб и да потпише договор на три сезони.
Трабзонспор е еден од водечките клубови во турската лига кој се натпреварува во Лигата на шампионите. Во очекување на лекарски прегледи и потпишување на договорот, Барди го напуштил тренинг кампот на Леванте.