Полувреме 0:0: Шкупи притиска, ама Шамрок е опасен, Наумовски трипати спасуваше!

271

За жал Шкупи не успеа да постигне гол во првите 45.минути од реваншот со Шамрок вечерва на Арената во Скопје, во рамките на 3.квалификациско коло во ЛЕ. Па така на пауза се замина со тие 0:0.

Шкупи притискаше во текот на целиот прв дел, имаше и опаснио закани, посебно преку Сенгор и Сандеј. Сепак треба да се биде реален и да се каже дека голманот Наумовски во три наврати ја спасуваше својата мрежа. Прво во 3.минута кога шутираше Гафни, а од нозете на Наумовски топката се одби во стативата. Потоа три минути подоцна Тауел беше сам, но Наумовски убаво одбрани.

Во 37.минута вистинско чудо како немаше гол за гостите, во еден напад имаа две шанси, но Наумовски сепак остана несовладан.

Тешко ќе му биде на Шкупи во вториот дел, се брка победа од два гола разлика најмалку.

Претходно„Марка“: Готово е, Барди потпишува 3-годишен договор со Трабзонспор
СледноАдеми и Ристовски на чекор до групната фаза од Лигата на шампионите (ВИДЕО)