Нема да има второлигашки фудбал претстојниот викенд, иако стартот на единствената ВМФЛ беше закажан за 13 август (сабота). Фудбалската федерација на Македонија и официјално потврди дека стартот е одложен и дека натпреварите од 1.коло дополнително ќе се закажат за некој адекватен термин.
Инаку 2.коло ќе се игра како што и беше планирано, на 20 август (сабота).
Јавноста со нетрпение ги очекува мечевите во единствената Втора лига, таму се Вардар, Пелистер, Гостивар, Беласица, Тетекс… според имиња тоа ќе биде доста силна лига.