Репрезентативката Митрашиновиќ продолжува во Монтана!

98

Анџелика Митрашиновиќ во наредната сезона ќе настапува за најдобриот клуб во Бугарија – Монтана.

Нашата најдобра кошаркарка за 2021 година, и капитен на сениорската репрезентација играњето во Франција ќе го замени со еден од најдобрите тимови на Балканот.

Искусната кошаркарка ќе се обиде да му донесе уште поголем резултат на клубот од Стара Загора кој е редовен учесник на завршните турнири од женското издание на Јадранската лига.

Потписот со Монтана ќе биде само продолжение на интернационалната кариера на Митрашиновиќ, која во годините наназад настапуваше за Челик и Бановиќи (БиХ), Будуќност-Подгорица (Црна Гора), а во Бугарија, 177 сантиметри високата кошаркарка доаѓа како играч на францускиот Тарбес.

Претходно, Митрашиновиќ беше дел и од најдобрите екипите во Македонија, Бадел 1862, Баскет Кам 2011 и вардар, како и Изградба Комерц (екс Младинец) од Скопје.

ПретходноСудиска анализа за 1.коло во ПМФЛ: Судиите на висина на задачата!
СледноПознати се сите двојки за плеј – офот во ЛШ, Адеми и Ристовски против Бодо/Глимт!