Вечерва од 20 часот, на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра реванш мечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Шкендија и АИК. На првиот меч во Стокхолм беше 1:1, па така сега на тетовци им треба било каква победа за да се пласираат во плеј – офот.Јасно е може и со реми ама треба да се биди подобар во евентуална пенал – серија.
Капитенот Ферхан Буба Хасани во Стокхолм, на првиот меч, уште во 26.секунда ја “тресеше“ мрежата на Швеѓаните, а за тоа што може да се очекува вечерва тој изјави:
„Секако дека ќе биде тежок натпревар. На првиот меч видовме дека АИК е многи квалитетна екипа. Сепак и ние покажавме дека поседуваме квалитет и дека може да се соочиме со секој противник. Вечерва почнуваме од нула, а шансите според мене и натаму се 50-50. Од друга страна играме дома,пред својата публика, несомнено ќе дадеме се од себе за да се дојде до резултат кој нас ќе ни одговара. Верувам дека со поддршка фановите можеме до победа и пласман во плеј – офот. Ја користам оваа можност да ги повикам да дојдат во што поголем број“ заврши Буба Хасани.