На своите социјални мрежи екипата на Македонија ЃП ги промовираше новите гостински дресови. Тие се сиви, малку чуден колорит ако се знае дека клупските бои се црбената и жолтата, но нели, ова е модерно време.
Инаку со овие дресови Македонија ЃП ќе гостува на Чаир каде ќе ги одмери силите со шампионот Шкупи.
Ако се знае дека во првото коло „лавовите“ беа слободни, тоа значи дека тие на Чаир ќе го имаат своето деби во новата сезона во ПМФЛ.