Некогашниот шпански репрезентативец Диего Коста наскоро ќе му се приклучи на нашиот Столе Димитриевски во екипата на Рајо Ваљекано. Според „Марка“, играчот ќе потпише договор со клубот уште денеска.
Според изворот, за враќањето на Коста во клубот, за кој претходно настапуваше во сезоната 2011/2012, лично е заслужен претседателот на Рајо Ваљекано, Раул Мартин Преса. Тој лично преговарал со Коста и го убедил да се врати во тимот од мадридското предградие.
Коста ќе потпише едногодишен договор со клубот за плата од 1,5 милиони евра + можни бонуси.
Интересно е што Диего Коста својот последен натпревар го одигра на 12 декември 2021 година, кога го освои Купот на Бразил како дел од Атлетико Минеиро.