Артим Шаќири: Не секогаш подобриот победува!

609

Секако дека големо беше разочарувњето во таборот на Шкендија по елиминацијата од Европа. Вечерва на пенали АИК успеа да се пласира во плеј – офот, а Шкендија ќе мора почека некоја друга шанса.

Стратегот на тетовци Артим Шаќири по мечот покрај другото кажа:

Заслуживме на двата меча со АИК да излеземе како победници, но во фудбалот не секогаш подобриот победува. Јас сум на горд на моите играчи кои покажаа дека знаеме да играме фудбал. За пеналите што да се каже. Тие се среќа и лотарија. АИК е голема екипа, игра на стадион кој вреди 200 милиони евра. Ние градиме екипа на долги патеки. Да, Хасани е разочаран по промашениот пенал, но тој е лидерот на оваа екипа, одиме натаму“.

ПретходноБуба од херој до трагичар: Шкендија елиминирана од Европа без ниту еден пораз! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМајка му на Рабио е причината за застој во преговорите со Манчестер Ј.