Вардар 1961 првиот тест пред новата сезона ќе го има во Струга на традиционалниот меѓународен турнир. Актуелниот македонски првак и освојувач на Купот на Македонија за разлика од претходните години ќе биде во поинакво руво. Поради елиминацијата од Лигата на шампиони, најавените странски засилувања не пристигнаа во Скопје, договорите им беа веднаш раскинати, а во составот ќе го нема ниту Тимур Дибиров. „Црвено-црните“ имаат солиден ростер со македонски играчи и неколку странци.
Еден од лидерите во новата сезона се очекува да биде Филил Талески, кој минатата година блесна во „црвено-црниот“ дрес. Тале очекува
„Напорно работевме во изминатите две недели. Откако го минавме физичкиот дел, сега сме насочени кон воигрување и подготвување на тактика. Не чека турнирот во Струга, знаеме за каков турнир станува збор, за тоа го говори и јубулејот кој го прославува, 5о години од своето постоење. Ќе биде убав турнир и оваа година, со квалитетни екипи, најважно ќе понуди убав ракомет. Сите што го сакаат ракометот и спортот воопшто ги поканувам да дојдат на градската плажа да бидат дел од турнирот.
Отвараме со Алкалоид, млада и перспективна, составена од репрезентативци кои настапуваа на Медитеранските игри каде покажаа квалитет. Мора да бидеме максимално фокусирани, играме со Бутел кој е добро познат противник, а тука е Целје. За нас Струга ќе биде тест за она што не очекува во новата сезона“, изјави Талески.