Милак го освои европското злато на 100 метри пеперутка

86

Унгарската ѕвезда Криштоф Милак ја освои европската титула на 100 метри пеперутка на Европскиот пливачки шампионат што се одржува во Рим. Милак во финалето заврши прв со време 50.33 секунди што му е послабо време од најдоброто во сезоната од 50.14 секунди со кое ја освои светската титулата во Будимпешта во јуни.
Втор остана Швајцарецот Ноа Понти со 50.87 секунди, а трет Полјакот Јакуб Мајерски со време 51.22 секунди.
Ова е второ злато за Милак на ова ЕП. Пред неколку дена го освои со Унгарија во штафетата 4х200 метри слободен стил. Милак учестуваше и во штафетата 4х100 метри слободен стил каде Унгарците завршија втори.

Инаку на Евро шампионатот во дисциплината 200 метри слободен стил кај жените фаворитката Марит Стенберген го освои златото со време 1:56.36 минути пред Фреја Андерсон од Британија и Изабел Гозе од Германија.

Аналија Пигре ја освои титулата на 50 метри грбно со личен рекорд од 27.29 секунди што е и нов рекорд на Франција.

Во дисциплината 200 метри градно кај мажите златниот медал му припадна на Џејмс Вилби кој ја исплива патеката со време 2:08.96 минути. Втор заврши Мати Матсон од Финска, а трет Лука Пицини од Италија.

 

ПретходноMурињо и неговата Рома славеа во Салерно (видео)
СледноВеспрем избори место на Ф4 во СЕХА