ТИМ И ИГРАЧ НА 2.КОЛО: Крстевски “распука“ на Арената

425

Нема никакви дилеми дека играч на ова 2.коло во ПМФЛ е Ване Крстевски, кој со само 19 години вчера против Работнички постигна хет – трик. Едноставно младиот шпиц вчера “царуваше“ на Арената, му стегна три гола на домашниот тим и себе си се промовира на најдобар можен начин, уште ако се знае дека имаше и директен ТВ пренос, тогаш Ване може и тоа како да биде задоволен.

Во тимот на колото покрај него од А. Пандев, која победи со 0:5, се и Димов и Томовски.

Струга ТЛ освои екстра значајни три бода, и тоа среде Штип, победувајќи на Брегалница со голот на Укпа, а покрај Нигериецот во тимот од таборот на стружани се и Илиески и голманот Ќосевски.

Шкупи ја доби скопската пресметка сп Македонија ЃП благодарение на Трапановски и Брдаровски.

Силекс одигра 1:1 на гости кај Шкендија, голот на кратовци беше дело на Љамалари во последните секунди од мечот а и Ристовски беше одличен.

Мишов со голот во Прилеп му донесе големи три бода на Тиквеш.

ИГРАЧ НА КОЛОТО
ВАНЕ КРСТЕВСКИ
Тим: А. Пандев
Роден: 28.04.2003 во Штип
Кариера: А.Пандев

 

ПретходноЗатоа е „Посебен“: Мурињо ги почестил играчите, нарачал 60 пици по триумфалниот старт!
СледноДончиќ против Леброн во божиќната програма!