Вардар 1961 е еден од учесниците на меѓународниот турнир во Струга. Актуелниот македонски првак кој е бранител и има намногу трофеи (вкупно 14) оваа година ќе настапи во еден поинаков состав после долго време.
На чело на „црвено-црниот“ е Владо Недановски, кој заедно со своите момци во Струга ќе ги одмери силите со Алкалоид, Бутел и Целје. Предводникот на Вардар е задоволен од досегашниот дел од подготовките, на овој турнир неговиот тим ќе ја темпира формата за четвртфиналето во Сеха-лига против Нексе.
Првиот меч Вардар 1961 го игра денеска против Алкалоид, мечот е закажан со почеток во 19 часот.
“Трениравме околу две седмици, повеќе на физички план. Задоволен сум од залагањето на играчите. За тактичкиот дел ќе видиме сега на турниот во Струга бидејќи тоа ќе бидат нашите први натпревари. Знам дека е тоа одличен турнир, секогаш има добри екипи. За овој период е добро што настапуваме таму да видиме каде сме со формата и да ја темпираме токму за дуелот со Нексе. Во Струга ќе бидеме комплетни играчки, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.