Давид Алаба влезе во игра против Алмерија за да го изведе слободниот удар и на крајот постигна спектакуларен гол за победа на Реал Мадрид.
Реал трката за титулата ја отвори со победа на гостувањето против новајлијата во лигата, но кралскиот клуб имаше многу проблеми.
По само шест минути Рамазани со гол ја заврши добрата акција на Алмерија. Реал заостануваше до 61. минута, а потоа Лукас Васкез на асистенција на Бензема израмни на 1:1.
Стрелец на победничкиот гол беше Алаба во 75. минута. Од слободен удар надвор од шеснаесетникот погоди за голема радост на својот тим.
Анчелоти по натпреварот и рече дека било тешко да му се дозволи на Алаба да го изведе слободниот удар покрај Крос и Бензема, кои се задолжени за изведување на слободните удари.
„Позната е хиерархијата за слободни удари: Бензема е прв, по него на ред е Крос. Меѓутоа, кога беше досуден слободен удар за нас во близина на шеснаесетникот, Давиде побрза Алаба да влезе во игра и да шутира. Не е лесно да им се каже на Бензема и Крос дека нема да изведуваат слободен удар, но Алаба им ја пренесе пораката на Давиде и тие ја послушаа“, изјави Италијанецот.
Интересно е тоа што Давиде е син на Анчелоти кој работи како помошен тренер во Реал и токму тој инсистираше овој слободен удар да биде изведен од Алаб.